Студентскиот пленум в среда на референдум

Дали Студентскиот парламент треба да остане невладина организација или дел од УКИМ -на ова прашање ќе треба да одговорат студентите од скопскиот универзитет в среда на 28 септември на првиот неофицијален студентски референдум.

Од Студентскиот пленум велат дека Студентскиот парламент кој ги претставува факултетите на државниот универзитет треба да стане дел од универзитетот со што ќе се обезбеди контрола за трошењето на парите од студентите.

„Апсурдно е во време кога се зборува за високо образование ориентирано кон студентот, студентскиот глас воопшто да не биде слушнат при одлучувањето за студентско претставничко тело“ – смета студентот Борјан Ефтимов.

Двете комисии кои требаа да ги проценат условите под кои се спроведоа студентските избори во јуни, како и формата на студентското организирање беа неуспешни, оценуваат од Пленумот. Сега, овие две прашања ќе се разгледуваат на Сенат.

Изборни места за престојниот референдум ќе има на сите 23 факултети на УКИМ, а изборните комисии со цел да се одржи транспарентност, ќе бидат составени од доброволци кои ќе можат да се пријават на јавниот повик што ќе се распише во текот на викендот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e