Се спасуваат кој каде може: Александар Николовски од пратеник заминува за амбасадор

По се поизвесната смена на власта во Македонија во декември,  голем број на досегашни функционери ги напуштаат своите позиции преку кои важеа за блиски соработници на обвинетиот Никола Груевски и истите ги заменуваат со некои сосема други.

Така беше со поранешниот министер за Администрација и информатичко општество, Иво Ивановски кој замина во Бугарија да работи во телекомуникацискиот систем. Кумот на Груевски и негова десна рака, наводно поради болест ја напушти министерската функција во финансии и оттогаш му се губи секаков траг а да не зборуваме за оние кои беа опфатени со бомбите и мораа да си дадат оставки, Јанкуловска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски, ја заменува пратеничката фотеља за амбасадорска, па така тој ќе биде нов амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел.

Николовски до сега беше претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Негов предходник беше Андреј Лепавцов, тој функцијата амбасадор во Брисел ја извршуваше 5 години.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e