СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ носеше погубни образовни политики без никакви консултации

„ВМРО-ДПМНЕ за своето 11 годишно владеење носеше погубни политики во образованието без да се консултира со никого, а таканаречените реформи беа на штета на наставниците, учениците и образованиот систем.

За разлика од таквиот однос на ВМРО -ДПМНЕ, денес целиот процес за новата реформа на образованието, како и многу процеси претходно, се води на крајно транспарентен начин и во широка консултација каде се вклучени буквално сите страни.

Додека ВМРО-ДПМНЕ одржуваше прес-конференција, на која глумеше наводна загриженост, министерката за образование Мила Царовска беше на средба во Академијата на науките и уметностите каде разговараше со академиците за потребата од сеопфатна реформа во образованието.

Во континуитет се одржуваат средби со сите засегнати страни и на овој начин Министерството се информира за сугестиите и забелешките на стручната јавност со цел да се реализира најдоброто решение за реформата во образовниот процес.

ВМРО-ДПМНЕ и во овој, како и во сите други важни процеси е деструктивен фактор кој дејствува на штета на интересите на граѓаните и државата. Затоа се во опозиција и затоа уште долго ќе останат таму“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e