СДСМ: ВМРО ДПМНЕ е против укинувањето на квотите за лекови

ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во својата безидејност e против секоја мерка што го олеснува животот на граѓаните и ги решава долгогодишните проблеми. Преку членот на извршнот комитет Игор Николов и неговите ставови во дебатна емисија, ВМРО-ДПМНЕ порача дека е против укинувувањето на квотите за лекови во аптеките и поттикнува насилство кон лекарите. Со укинувањето на квотите за лекови во аптеките се решава долгодошниот проблем со недостиг на лекови и се става крај на турканиците и нервозите во аптеките и ординациите.
СДСМ, како одговорна партија, продолжува со спроведување на мерките и политиките што го подобруваат животот на граѓаните и го унапредуваат системот на здравствена заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e