СДСМ: Со евтин популизам, лицемерното ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните

„Со евтин популизам, со искривени факти и манипулации, лицемерното ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните.

Факт е дека секоја автопатска делница во државата има патарина, чиј износ се утврдува по точно утврдена формула, факт е дека средствата од патарините се користат за одржување на автопатите, но факт е и дека за секој автопат постојат алтернативни рути кои граѓаните ги користат секојдневно.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не може да понуди ништо друго освен лицемерие, гол популизам кои немаат врска со реалноста и не се во интерес на граѓаните. Затоа губат шест пати на избори и затоа уште долго ќе губат на сите изборни соочувања“, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e