Професори осомничени во „Еразмус“ добија забрана за работа

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на четири лица осомничени во случајот „Еразмус“ им определи мерка за претпазливост, односно забрана за преземање определние работни активности кои се поврзани со кривичното дело, која ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата, информират од скопскиот Кривичен суд.

Обвинителот за две лица инволвирани во „Еразмус“ ја повлекол мерката претпазливост.

– Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка за претпазливост против шест лица опфатени со предметот во јавноста познат како „Еразмус“, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден беа повикани шесте лица заедно со нивните полномошници и јавниот обвинител за да се произнесат во врска предложената мерка, се вели во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Во текот на сослушувањето, како што се посочува, обвинителот за две лица го повлекол прелогот за определување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен  предлогот за преостанатите четири лица, судијата на претходна постапка донесол одлука со која го прифатил предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определил мерка за претпазливост, односно забрана за преземање определние работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата.

На овие решение, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет при овој суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e