Поради неносење маска вчера санкционирани 433 лица, 22 го прекршиле полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, поради неносење маска се санкционирани 433 лица, а 22 не ја почитувале забраната за движење по 23 часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел заеднички придонес за спречување на ширењето на Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e