Петров: Владините мерки даваат ефекти, просечната плата расте и во време на криза

Гарантирам дека со владините мерки за помош на граѓаните и на економијата е даден максимумот и ќе продолжиме да ги финансираме овие мерки, но оваа криза ја користиме за трансформација на економијата и да го постигнеме зацртаниот раст, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 24 Анализа на тв24.

Тој додаде дека владините економски мерки даваат ефекти, спасени се 120.000 работни места, а преку кредитната линија Ковид 1 се опфатени 737 компании, со Ковид 2 има 639 компании, сега Ковид 3 преку 1 100 компании.

Платежни картички добија 309 илјади граѓани, а проектот „Дома си е дома“ го зголеми бројот на домашни туристи, рече Петров.

Ефектите се реални, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров, нагласувајќи дека во најголемата криза ние имаме зголемување на просечната плата, која беше 25.787 денари, сега е за 1.800 денари зголемена.

Тој додаде дека во време на кризата ниеден социјален трансфер не прекинавме, пензиите се усогласуваат, имаме рекордно зголемување на пензиите.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ нема факти и бројки, туку приказни за мали деца, факт е дека растат платите, поголема е минималната плата, просечната плата расте, како и пензиите, нагласи потпретседателот на СДСМ Коста Петров за Анализа 24 на ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e