Пендаровски: Одлуката од Брисел беше шок за целата политичка елита

Навистина беше шок за сите, не само за мене и за народот, туку и за целата политичка елита, вели претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“.

„Од 2009 во сите извештаи на Европската комисија и потоа во сите коминикеа од Европската унија велеа дека постои само едно нерешено прашање, долгогодишниот спор за името меѓу нас и вашата земја. Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес. Сето ова, Договорот од Преспа, сите реформи, но Преспа на прво место е поради Европа. Ние сакаме да бидеме дел од Европската унија. И одеднаш никаде не ја гледаме Европската унија. Никаде ја нема Европската унија, вели Пендаровски.

Посочува дека за неколку месеци земјата ќе влезе во НАТО и тоа е благодарение на Договорот од Преспа.

„За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северно-атлантската алијанса рекоа „да“ за наше членство. Ако не во ноември или декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО алијансата и тоа е директен производ од Договорот од Преспа“, додава претседателот во интервјуто за грчката телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e