Пендаровски: Нема да го убедувам Макрон, во тоа не успеале ниту САД и Германија

„Ние сме мала држава, имаме силни аргументи кои ќе бидат кажани на таа средба, меѓутоа да не одиме со преголеми очекувања, затоа што ниту Америка, ниту Германија, никој никогаш не може да го убедува претседателот на Франција“, изјави денеска претседателот на РСМ, Стево Пендаровски во пресрет на средбата со францускиот претседател следната недела.

Франција, продолжи тој, сега со заминувањето на Велика Британија, е единствената нуклеарна сила во ЕУ и постојана членка на Советот за безбедност и има два и пол века демократија, од која и ден денеска учиме и таму нема слушање луѓе.

– Таа политиката која е образложена на последниот европски самит, колку и да не ни се допаѓа, таа е обмислена и сосема се во ред неговите забелешки дека последните држави кои влегоа во ЕУ, навистина не беа на нивото на старите земји членки во однос на демократија и другите слободи и права, изјави Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e