Од утре СДСМ започнува со јавни дебати под слоганот „На прав пат“

СДСМ од утре започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните под слоганот „На прав пат“ ширум републиката.

Штип ќе биде првиот од градовите и населените места во земјава кој ќе биде домаќин на претседателот на СДСМ и претседател на Влада, Зоран Заев, но и бројни партиски членови, симпатизери и граѓани. Трибината ќе се одржи во Центар за култура „Ацо Шопов“ со почеток во 13:00 часот.

„Избравме пат што ни гарантира подобро утре, се движиме во вистинска насока и ги оставаме проблемите зад нас. Се движиме на пат кој носи раст на платите, градежна офанзива и пари кај граѓаните.Се движиме на пат што значи слобода, безбедност и сигурност – се движиме на пат до НАТО и ЕУ!“ – порача денес на прес конференција Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ги интензивира активностите и средбите со граѓани во периодот што следува. Сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните. Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори. – велат од владејачката.

Кангалов ги покани граѓаните да се приклучат на вистинскиот, на правиот пат, заедно, за економски раст, напредок, интеграција, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e