Николовски: Усвоен е Предлогот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција

Борбата против организираниот криминал и корупција е во фокусот на оваа Влада и мој приоритет, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Николовски посочи дека на денешната владина седница е усвоен Предлогот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција.

„Статусот на финансиските полицајци го усогласуваме, односно го изедначуваме со овластените службени лица вработени во МВР, кои согласно Законот за кривична постапка ја сочинуваат правосудната полиција.

Ги зајакнуваме капацитетите на Управaта за финансиска полиција посебно во делот на спроведувањето на посебните истражни мерки.
Овозможуваме подобри услови за понатамошно унапредување на постоечкиот кадар, го зголемуваме бројот на вработени и воведуваме нови позиции.

За прв пат ќе имаме координатор за јавно обвинителство и соработка со правосудна полиција.

Вршиме усогласување на Законот за финансиска полиција со Законот за следење на комуникациите и Законот за вработените во јавениот сектор.

Битката против корупцијата и криминалот ја водиме на сите нивоа, и овие законски измени се важна алка која значително ќе придонесе“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e