Николовски: Србија ќе ни помогне со 8.000 вакцини од Фајзер, институциите се подготвени за процесот на вакцинација

Премиерот Зоран Заев, штотуку соопшти убава вест, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека Србија ќе ни помогне со најмалку 8.000 вакцини од Фајзер, кои ќе си ги платиме по набавна цена, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

„Ова е одлична вест, институциите се подготвени за процесот на вакцинација, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e