Николовски се сретна со италијанскиот амбасадор: Се продлабочува соработката меѓу двете земји

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со новоименуваниот Амбасадор на Република Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.1

„Република Италија е силен поддржувач на Република Северна Македонија. На денешната работна средба, новоименуваниот Амбасадор на Република Италија во нашата земја, Андреа Силвестри изрази подготвеност за продлабочување на соработката и поддршката во процесот на европските интеграции како и поддршка во борбата против корупцијата и криминалот преку користење италијански искуства и помош“, посочи Николовски по средбата.

2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e