Николовски по повод Меѓународниот ден на образованието: Вложуваме во модерно образовни политики за секое дете да го развие својот потенцијал

Меѓународниот ден на образованието, оваа учебна година го одбележуваме во услови на светска пандмија со коронавирус, која наметна сосема поинаков начин на функционирање на едукативниот систем и потреба од дигитализиран начин на едукација со цел безбедни услови за сите ученици во државата, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Владата на Република Северна Македонија оваа година издвои околу 1 милијарда денари за капитални инвестиции, ја интензивира дебатата за реформи во образованието и се фокусира на грижата за индивидуалните потреби на учениците се со цел да се овозможи поквалитетен образовен процес.
Овој ден го посветуваме на зајакнување на улогата на образованието во воспоставување глобален развој, мир и напредок.
Честит Меѓународен ден на образованието!“, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e