Николовски: Партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно!

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски го поздрави донесувањето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2021.

„Ја поздравувам одлуката на пратениците и носењето на Законот за попис на населението. Со усвојувањето на Законот создадени се нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција, после 19 години.“ – порача Николовски.
„Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди. Концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица.
Според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди. Партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, тоа е статистичка операција, неопходна за да се планира развојот на државата.“ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e