Николовски на увид во манастирот „Св. Пантејлемон“ на Водно каде се врши реконструкција и реставрација на конаците

Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерката за култура Ирена Стефоска присуствуваше на увид на градежните работи на манастирот „Св. Пантејлемон“ на Водно.
„Се интензивираат активностите за реконструкција и реставрација на конаците во манастирскиот комплексот Св. Пантејлемон на Водно, со помош на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Манастирот, како културно наследство, има исклучително важна културна и историска вредност.“  – посочи Николовски по увидот.
„Ова е вистински начин да се врати автентичноста, да се заштити и самиот конак како дел од целиот манастритски комплекс и да се помогне во заживување на овој духовен центар, културно историски-споменик, еден од симболите и на општина Карпош.“ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e