Нечепнати луксузните лустери во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на опозицијата, Хриситијан Мицкоски учествуваше на седницата на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, при што им го честиташе приемот и членството во организацијата на жени при семејството на Европската народна партија.

„Тоа е значаен успех и потврда за нашата европска заложба и признание за нашиот допринос во афирмирањето на женските права. Доаѓа време кога жените, целосно уважувајќи ја нивната улога и права, го креваат гласот против неправдите на овој трул систем, барајќи го заслуженото. Ќе се избориме за нашата заедничка иднина, а жените се значаен столб во таа наша борба. Со Унијата на жени и останатите структури одиме до самиот крај, одиме на победа, а победата ќе значи обнова на Македонија!“, пишува Мицкоски.

На социјалните мрежи веднаш почна да се шири фотографијата од средбата на унијата на жени. Граѓани потсетија на информациите пред неколку месеци дека Мицкоски наводно ги донирал луксузните лустери од партиското седиште на цркви.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата св Никола с.Љубанци ќе ви е вечно благодарна“, напиша во април неговиот сопартиец Јохан Тарчуловски.

„Црквата сега им ги рента“, пишуваат граѓаните

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e