Најубавите моменти заслужуваат да бидат сочувани: Нептун и LG со генијален предизвик за малите палавковци

Детството е незаменливо, а детската палавост уште повеќе. Никој не може да одолее и да ѝ замери на слатката детска насмевка, без разлика за каква палавштина се работи – милион истрчани километри во маало, модрици на колената, искршени играчки, одбивање на утринскиот појадок, врева додека се пејат најгласно новите песнички со другарчињата пред зграда и уште многу разни палавштини на кои родителите не можат, а да не се насмеат.

Денес е сепак поинаку. Пандемијата го промени начинот на функционирање и веќе повеќето од родителите работат од дома и истовремено се грижат за своите деца, правејќи напор за создавање на баланс за удоволување на нивните барања
и потреби и зачувување на времето за себе. Во овој период секој родител е зафатен со смислување на различни забавни сценарија за да им го направат денот поубав, поинтересен и секако повеќе продуктивен. Играта и дружбите од
минатото, денес се сведени на минимум и се значајно лимитирани кога се во прашање роденденските прослави, дружбите на родителите и децата, посетата на забавните паркови и искрената и топла прегратка на палавковците со своите
другарчиња.
Neptun1Многу добро е познато колку родителската улога е значајна и важна и за таа цел Нептун и LG се одлучија да ги поддржат сите родители кои прават сѐ за своите деца во овие невообичаени времиња, со едно ново изненадување: забавен фото- предизик, кој покрај загарантирана забава и креативност, за некој ќе донесе и многу вредни награди.

Родители и палавковци, овој предизвик е само за вас!

Нептун заедно со LG се во потрага по најпалавото дете.

Сите родители и деца имаат многу едноставна и интересна задача – да ја направат најкреативната фотографија од палавштините на своите деца и да ја споделат јавно на својот Instagram профил со хаштаг во описот #lgпалавковци и
таг на профилот на @neptunmakedonija.

Потрагата по најпалавото дете започнува од 21 јануари, заедно со Сара Мејс, Димитар Атанасовски и нивната слатка ќеркичка Илина и трае до 20 февруари. Нејзините палавштини и креативни моменти ќе бидат дополнителна инспирација
за секој родител да го реализира предизвикот и неговото дете да биде следниот палав добитник на некоја од наградите за најдобрите палавковци во овој креативен предизвик.

На крајот од потрагата, 1 та и 2 та награда ќе бидат доделени на оној кој ќе има најмногу гласови и ќе се гласа на страната на Нептун, на следниот линк https://bit.ly/3o815ol, сликите ќе може да се постираат од 21јануари, а гласањето ќе биде отворено на 27јануари. 3 та награда ќе биде одбрана и доделена од страна на
Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Илина.

Првиот LG палавковец ќе добие LG телевизор UHD TV LG 50 UN 7400, вториот LG палавковец ќе добие мобилен телефон LG Velvet, а третиот LG палавковец ќе стане Нептун инфлуенсер во некоја од следните кампањи на Нептун.

Учествувајте во предизвикот на Нептун, постирајте фотографии од вашите мали #lgпалавковци на Instagram и зачувајте ги најубавите моменти со Нептун и LG.
Пробајте да ги воодушевите вашите омилени ѕвезди – можеби токму вашиот мал палавковец ќе биде одбран како иден Нептун инфлуенсер, а гласовите на вашата фотографија можеби ќе му донесат примамлива награда на вашиот мал
палавковец.

Најубавите моменти заслужуваат да бидат сочувани! Потрагата започнува!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e