МЗ: Регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Од 2013 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 347 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за
здравство.

Од нив, 179 се во Скопје, 24 во Куманово, 18 во Охрид, 14 во Тетово, по 13 нови случаи има во Штип и Кавадарци, 11 во Велес, 10 во Делчево, по осум новодијагностицирани имаат Гостивар и Кочани, седум во Струмица, пет во Прилеп и Пробиштип, четворица во Струга, Кичево, Дебар и Берово, тројца во Крива Паланка и Богданци, двајца во Свети Николе и Демир Капија и по еден нов случај во Битола, Гевгелија, Ресен, Виница, Крушево и Пехчево.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, а останатите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 378 оздравени пациенти: од Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1 и Пехчево-1.

Бројот на активни случаи е 11 269. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39 340, активни 6359
• Куманово 5103, активни 444
• Тетово 5021, активни 470
• Прилеп 4515, активни 249
• Гостивар 3570, активни 310
• Штип 3471, активни 169
• Битола 3186, активни 224
• Велес 3006, активни 315
• Охрид 2712, активни 367
• Струмица 2503, активни 359
• Кавадарци 2453, активни 359
• Струга 2169, активни 157
• Кочани 1712, активни 118
• Кичево 1693, активни 157
• Свети Николе 1065, активни 46
• Гевгелија 964, активни 113
• Неготино 949, активни 146
• Дебар 740, активни 121
• Ресен 721, активни 119
• Крива Паланка 712, активни 66
• Радовиш 683, активни 48
• Берово 576, активни 52
• Делчево 557, активни 172
• Пробиштип 497, активни 42
• Виница 482, активни 45
• Валандово 325, активни 22
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 220, активни 35
• Кратово 213, активни 16
• Крушево 200, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 182, активни 38
• Пехчево 178, активни 12
• Дојран 81, активни 7

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90 471, оздравени пациенти се 76 423, починати 2779. Досега се направени 441 134 тестирања на КОВИД-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e