МВР: 34 прекршувања на забраната за движење, 396 санкции за неносење маска

Од ноќеска на полноќ до 04.00 часот утрово 34 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 396 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e