Митрески: На опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не и е битно здравјето на граѓаните, го блокираа Законот за лекови

Се јавувам за процедурално во однос на членот 95 каде што се утврдува мнозинството за носење одлуки и должен сум како координатор на пратеничката група на мнозинството да ја известам јавноста како што впрочем кажа и претходно претседателот дека еден од пратениците е позитивен,ги доби резултатите. За уште еден пратеник чекаме резултати од тестирањето впрочем заради тоа не може да се обезбеди мнозинството. – порача денеска од собраниската говорница Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

Од друга страна сакам да кажам уште една друга работа а тоа е неприсуството на опозицијата. На онаа опозиција којашто го блокираше носењето на Деловникот баш за вакви ситуации за да не се кочи работата на Собранието односно да може да учествуваат и да одлучуваат пратеници кои се позитивни и кои се во изолација.

Но тогаш а и ден денес опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ а кога велам предводена од ВМРО-ДПМНЕ мислам и на Алијанса и Алтернатива и мислам и на Левица затоа што како што прави ВМРО-ДПМНЕ така прават и тие. Не присуствуваат за да не може да почнеме со работа. Денес на дневен ред како што пред мене кажа и колегата Ненад Коциќ е Законот за лекови којшто е директно поврзан со вакцинирањето. Очигледно на опозицијата не им е битно ниту вакцинирањето ниту здравјето на граѓаните затоа што денес не присуствуваат и не даваат можност да продолжи оваа држава да работи во интерес на граѓаните. – рече Митрески.

Да е апсурдот поголем на дневен ред денес е интерпелацијата на министерот Димитров, точка која што е предлог на опозицијата и очигледно е и јавноста треба да знае дека тоа го прават само заради театар, само заради прогласување на наводни предавници или наводни патриоти. Тие тоа што го прават е во договор со она што се случува и во Бугарија нивниот коалиционен брат таму го прави во Бугарија, тие го прават овде ама тоа е само за театар за граѓаните.

Ако сакаа да дискутираме денес барем ќе присуствуваа за да може да донесеме дневен ред за да може да дискутираме и за интерпелацијата на Димитров и да ги судриме фактите и аргументите. Очигледно се ова што прави опозицијата е само деструкција, само блокада и ова е очигледно уште еднаш потврда за она што го зборуваме цело време односно антинародно и антидржавно однесување на опозицијата. Само заради јавноста чувствував потреба да кажам дека мнозинството денес го нема потребниот број 61 пратеници затоа што има пратеник позитивен и има пратеник којшто чека резултати од тестирање. – посочи Митрески во обраќањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e