Мицотакис: Државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум во Солун, покрај тоа што го повтори ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција,, потенцираше дека Грција до поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

„Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики.

Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи“, рече Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e