Мицкоски со нова блокада: Овој пат на Законот за попис

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на масовна мобилизација за да се соберат потписи за доставување предлог-закон за поништување на регулативата за пописот, доколку таа не биде повлечена од собраниска процедура
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара денеска владејачкото мнозинство да го повлече од процедура законот за спроведување на пописот во април годинава, за кој попладнево почна расправата во Собранието.

Мицкоски, на прес-конференција, посочи дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната сдница, по долга и опсежна дискусија, ги донел следните заклучоци:

-Владејачкото мнозинство да го повлече Законот за попис од собраниската дебата и да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата на целата територија на државата.
-Да ги обедини сите политички чинители, сите општествени фактори, за да се дојде до консензуално решение, како треба да изгледа оваа статистичка операција на попис.
-Попис е потребно да има, но тоа е потребно да биде статистичка операција, а не политичка операција каква што се подготвува од страна на владејачкото мнозинство.
„Попис како статистичка операција се прави откако претходно ќе се постигне национален, општествен и политички консензус, што во овој случај изостана бидејќи во рамките на парламентарната комисиска расправа опозицијата предложи четириесетина амандмани и можете да претпоставите дека ниту еден од тие амандмани не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство, туку директорот на ДЗС беше благо укорен од претседавачот на Комисијата, немој да се мешаш затоа што се е веќе договорено“,рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e