Маричиќ: Работниците се „моторот“ кој ја движи државата

Работниците секогаш биле „моторот“ кој ја движи државата и затоа повеќе од еден век светот го одбележува Меѓународниот ден на трудот – 1 мај, објави министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук во честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

– Оваа пандемска година треба посебно да им се заблагодариме на здравствените работници кои деноноќно неуморно работат да го сочуваат нашето здравје. Благодарноста кон нив, но и кон сите други работниците ја покажуваме преку грижата за нивната положба во општеството, наведе Маричиќ во објавата.

Тој потсети дека пред три месеци е потпишан правилникот за зголемување на платите на судската полиција, со што е решен долгогодишниот проблем со примањата на овие работници.

– Затворската полиција добива нови униформи. Вработените во Воспитно-поправниот дом во Волковија имаат светски услови за работа, а интензивно се реконструираат и повеќе затвори низ земјава. Оваа година ќе ги решиме платите и статусот на судиите, јавните обвинители, судската и јавнообвинителската служба. Тука нема да застанеме и проблемите ќе ги решаваме посветено, со труд и визија. Другари работници, нека ви e честит Меѓународниот ден на трудот – 1 мај!, наведе Маричиќ во првомајската честитка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e