Францускиот нон пејпер за преговорите предвидува построги услови, постепено пристапување и реверзибилност

Барањата на Франција за реформи во Европската Унија стигнаа до сите земји-членки. Нон пејперот веќе се разгледува и во институциите на С. Македонија, а во кој реверзибилноста останува клучно барање на Франција.

Меѓу другите барања, на маса е ставено и отварањето на структуралните фондови кои досега беа наменети само за земјите- членки. На разгледување ќе биде ставена и методологијата за отварањето на поглавја со земјите-кандидатки за влез во Унијата. Новата методологија треба да биде објавена во јануари идната година, каде се очекуваат нови, строги правила.

Макрон за пристапувањето на земјите-кандидатки предивуда четири принципи, построги услови, постепено пристапување, материјални придобивки и реверзибилност на процесот.

Откако една земја ќе добие позитивна одлука за почеток на преговори, интеграцијата нема да биде истовремено отворање на голем број поглавја, туку на неколку фази и шема која ќе ја подготви и постави Европската Унија.

Главни услови остануваат владеењето на правото и фундаменталните прва, а според предлогот на Франција, етапите ќе бидат поставено во школски систем, нема поминување кон следната етапа, ако започнатото не е завршено. Реверзибилноста пак, ќе се одвива во зависност од сериозноста, односно од повлекување на финансиите до стопирање на процесот за преговори.

Европската Комисија ќеима задача редовно да го следи процесот и да дава оцени, а Европскиот Совет добива зајакнета улога, затоа што земјите-кандидатки ќе бидат вклучени во секторските политики.

Францускиот нон пејпер содржи и барање за годишни средби на Европскиот совет со земјите од Западен Балкан, за побрзо да се решат прашањата од заеднички интерес како што се регионалните односи, конекцијата со не-европски партнери и соработката во областа на правдата, внатрешните работи и економијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e