Фоивос Деливоријас поведе на незаборавно музичко патување

Концертот на Фоивос Деливоријас синоќа го исполни Клуб ресторанот МКЦ до последното место. Музиката од грчките филмови со задоволство ја слушаа присутните, а Деливоријас заедно со својот бенд ги поведе на незаборавно музичко патување.

На Фестивалот на грчки филм и култура денеска ќе бидат прикажани два нови грчки филмови од последните години. Во 18 часот во кино „Милениум“ е проекцијата на филмот „Следна станица: Утопија“ во режија на Апостолос Каракакис.

Кога грчката фабрика Vio.me. се затвора, група работници се одлучуваат на радикален чекор. Тие ја окупираат фабриката и се обидуваат да ја водат самите на принципот на директна демократија. Нивниот подвиг инспирира активисти низ целиот свет, додека поранешниот сопственик е зачуден гледајќи го семејниот бизнис како преминува во симбол за издигнувачката радикална левица. За работниците, подвигот да се сврзе крај со крај и самоменаџирањето излегува дека е невидена авантура, полна со конфликти. Тие брзо сфаќаат дека за да успеат, првото нешто што треба да се смени се тие самите.

Апостолос Каракасис (1970) студирал филм и видео во Велика Британија на колеџот за уметност и дизајн во Западен Сури. Активен е на грчката документарна сцена повеќе од 20 години како режисер и монтажер. Неговата работа за ЕРТ вклучува повеќе од 20 филмови на културни и историски теми, додека неговите сопствени филмови „98 години“ (1998) и „Национална градина“ (2009) се обата добитница на наградата од публиката солунскиот интернационален фестивал на документарни филмови. Тој е професор во школата за филмски студии при универзитетот „Аристотел“.

Од 20 часот во Кино „Милениум“ е филмот „Нејзина работа“, режија Никос Лабот.

Панајота за прв пат се вработува како чистачка им се надева дека ќе го даде својот придонес во семејството. И додека на работното место се соочува со сурова експлоатација, таа сепак смета дека ова е најсреќниот период во нејзиниот живот. Но ова чувство нема да трае долго бидејќи зад аголот чека ѓаволчето со трозабец в рака.

Никос Лабот (1976) зад себе има неколку проекти како асистент режисер, а со своите три наградувани кратки филмови во првата декада од новиот милениум докажа дека пред него претстои добра филмска иднина. По ко-режисерството со Јоргос Мустакис (Yiorgos Moustakis) на документарниот филм „Тhe Immortals at the southern point of Europe# (2013), минатата година конечно го сними својот целовечерен првенец, кој наиде на одличен прием кај критичарите и публиката, закитувајќи се со неколку фестивалски награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e