ФИТР ги прогласи добитниците на награди за социјално претприемништво 2019

Прогласени победниците на Social Impact Award – Награда за социјално претприемништво 2019.

Од Фондот за иновации и технолошки развој им честитаат на тимовите на Edistraw Co, Treebanks и CoSense, за кои SPARKASSE BANK MAKEDONIJA обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра поединечно. Четвртиот победник „Дружење без граници” беше награден од страна на ФИТР со ваучер за учество на меѓународен настан каде ќе ја презентираат својата идеја.

„ФИТР постојано работи на воведување на иновации во јавниот сектор. Еден таков успешен пример е реализацијата на „ОброкЗаСите“, кој го спроведуваме во соработка со Министерство за труд и социјална политика, организацијата Сите сити – Ајде Македонија и нејзините партнери.“ – рече Николина Стојанова.

Свесни сме за потребата од воведување иновации во општественото живеење бидејќи бенефитите ги чувствуваат сите граѓани. Токму поради ова, Фондот веќе трета година по ред ја поддржува Програмата за социјално претприемништво, а тоа ќе продолжи да прави понатаму, особено што некои од овие фирми ќе можат да прераснат во комерцијални бизниси кои понатаму ќе можат да користат средства од Фондот преку некои од инструментите за поддршка на компаниите. – велат од Фондот.

Наградата во Република Северна Македонија е организирана од Business Impact Lab

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e