Советникот на општинскиот совет на Охрид и претседателот на огранокот на ДУИ Нефи Усеини, кој е косопственик и управител на фирмата „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“ добил концесија за експлоатација на варовник во локалитетот Климештани, за период од 30 години, објави Фокус.
Покрај Усеини, вториот косопственик е албанскиот државјанин Албин Папа. Министерството за економија предводено од Крешник Бектеши во јули годинава склучило договор „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, откако оваа компанија била единствен учесник во постапката, во која доставила понуда во износ од 1.229.900 денари или околу 20.000 евра.