Димова: СДСМ ќе победи, не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ може да направи нешто

Не гледам дека другата страна има нешто, нови имиња, некоја порака, некоја агенда. Сериозно и искрено ви кажувам, не гледам дека има опозиција. Настапите се толку бледи, ништо не се ветува, се е флоскула до флосклула. Од таа гледна точка, мислам дека добро стои СДСМ. Главната работа што треба и се надевам дека ќе се случи е да се добие датумот за преговори, вели директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и поранешна пратеничка Лидија Димова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

„Не мислам дека може ВМРО-ДПМНЕ да направи нешто. Не мислам дека имаат капацитет, тоа го покажаа 11 години. Не знам кои се новите дечки што ветуваат“, истакна Димова.

Поранешниот пратеник Александар Пандов пак, рече дека ќе победи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не знае со колку разлика.

„Она што ние го говоревме како ГДОМ, ништо не се случи, напротив, се обратно направија ВМРО-ДПМНЕ. Сите одложувања кои се направи пред изборите во 2016 година го донесоа СДСМ на власт, сега затоа имаме преспански, бугарски, не знам каков договор“, рече Пандов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e