Диме Спасов вечерва предизвикал сообраќајка и избегал

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов вечерва предизвикал тешка сообраќајна несреќа во Скопје и побегнал од местото на настанот, дознава Либертас од полициски извори. – објави Либертас.

Според очевидци, Спасов најверојатно управувал со моторно возило во алкохолизирана состојба, пишува порталот.

Во несреќата настрадале неколку други автомобили. Увидот е во тек.

Автомобилот што го управувал е во сопственост на Агенцијата за вработување.

Неофицијално, во возилото со него имало и сопатничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e