Дескоска: Министрите користат службени пасати, мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост

“Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати. Второ, со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност. 
Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката.”

Ова е одговорот на министерката за правда, Рената Дескоска, до порталите блиски до опозицијата, кои објавија лажни вести за наводно користење на службено возило за партиски митинг.

Untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e