Денеска најверојатно одлука за мерките за случајот „Еразмус“

Од Основниот суд Скопје 1 денеска се очекува одлука околу барањето на обвинителството за нови мерки во случајот „Еразмус“.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека побарале на професорите обвинети во случајот „Еразмус“ да им се забрани да предаваат на факултетот.

Во соопштението пишува дека обвинителството поднело барање до кривичниот суд за, како што се наведува, да им изрече забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело.

Тројца професори, меѓу кои и поранешниот декан на економскиот факултет, Бобек Шуклев, еден демонстратор и сопственикот на бифето се товарат за примање поткуп од студенти и злоупотреба на службената положба.

Адвокатот на одбраната изјави дека барањето е незаконско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e