Дамјановски на вработените во 1ТВ им се претставил како газда, не како посредник на инвеститор од Холандија

Пензионерот од Кисела Вода, Богдан Дамјановски пред еден месец викнал екипа од 30 луѓе за да потпишуваат договори со 1ТВ за подоцна да го снема, велат за Стандард поранешни вработени во телевизијата. Тие велат дека пензионерот им кажал дека е човек кој се занимава со градежништво и сака да влезе во медиумскиот пазар, но не спомнал холанѓанец, како што сега изјавил за ТВ Телма.

Изворите на Стандард вели дека откако се потпишале новите договори и вработените дале услов да им се исплатат заостанатите две плати, не слушнале ништо ново од Дамјановски.

Тој денеска за Телма изјавил дека е само посредник за 1ТВ, а дека вистинскиот сопственик е друг пензионер, србин кој работел во Холандија.

„Името не можам да ви го откријам додека не се официјализира. Подготвен е да вложи во телевизијата околу 2 милиони евра. И тој е пензионер кој долго време работел во Холандија и сега сака да се врати на овие простори, а заработените пари ќе ги инвестира во 1ТВ за тоа што за кусо време постигна голем степен на гледаност“, вели пензионерот Дамјановски во изјава за телевизијата.

Управата за јавни приходи вчера обелодени дека кај нив се јавил човек кој рекол дека ќе ги плати долговите на 1ТВ. Дамјановски сега тврди дека е само финансиски консултант кој ова го прави само за профитот од посредувањето, а како што рекол во изјавата за Телма, на негово барање 1ТВ повторно е во етер, откако претходно целосно престанаа да емитуваат програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e