Да покажеме одговорно однесување и да го прифатиме пописот како државничка одговорност, повикува Заев

Пописот е толку сериозна статистичка операција која што ја идентификувам со државничката одговорност на граѓаните, истакна претседателот на Владата Зоран Заев
-Најмалку што може е да се попишеме за да може државата, во име на граѓаните да управува со ресурсите правично, еднакво, рамномерно и да креира успешни и стратегиски политики за развој. Решливи се сите прашања кои деновиве ги вадат како проблем поврзани со постапката за пописот, а се поврзуваат ризиците заради пандемијата, пред се, заради тоа што голем еден дел од постапката е без физички контакт заради дигитализираниот процес и да застанеме зад пописот затоа што 19 години ја немаме направено таа статистичка операција и тоа не прави една од ретките земји без попис толку долго време, нагласи премиерот Заев вечерва во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.
Тој потенцираше дека станува збор за многу важна суштинска статистичка операција за напредокот на земјата и дека затоа е бесмислена кампањата за бојкот на пописот.

-Освен што за одбивање за учество во оваа статистичка операција се предвидени и казни, бесмислено е да не учествувате во пописот бидејќи ова не се избори, пописот не менува власт, не предизвикува ретроактивни процеси и навистина не гледам зошто да се прави драма од пописот. Не треба да си власт за да знаеш колку е важен пописот. На опозицијата тоа треба да и биде јасно дури и за креирање на нивните партиски политики. Битен е пописот за креирање на економските политики, за здравствените и образовните политики, за најважните политики за рамномерен регионален развој, рече Заев.

Во самиот попис, појаснува тој, се вградени сите препораки на Евростат за слободно изјаснување на граѓаните за нивните национални и други определби. Со пописот ќе се попишат и нерезидентните, односно граѓаните кои се една или повеќе години надвор од државата, по што овие податоци се вкрстуваат со податоците од граничното управување од базите на податоци на МВР и, вели, со еден клик ги имате во секој момент сите наши граѓани кои се повеќе од една година надвор од државата за проверка на податоците.

-Да покажеме одговорно однесување и да го прифатиме пописот како државничка одговорност за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики, нагласи премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e