Бузаку со кривична до Реџепи, го обвини дека противправно се стекнал со 700.000 евра

Скендер Бузаку, кој тврди дека е избран да биде новиот поглавар на Исламската верска заедница, денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против актуелниот поглавар Сулејман Реџепи, за кого тврди дека перел пари преку приватна фирма и дека противправно се стекнал со 700.000 евра

 

Реџепи требал парите од ациите да ги уплати во Министерството за аџилак во Саудиска Арабија, тој средствата ги уплатил на приватна фирма и наместо да наплати по 510 евра, наплатил 840 евра.

„Доказите кои ги доставив покажуваат дека пријавеното лице присвоил над 700.000 евра, пари  уплатени за аџилак. До Основното јавно обвинителство доставив и други докази кои ја поткрепуваат кривичната пријава. Исплатени се средства за такса за престој во Саудиска Арабија за 840 аџии, односно ИВЗ платила такса по 800 евра за лиц,е преку посредник приватна компанија. Според правилата и утврдената такса за престој од страна на Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, таксата за престој е утврдена на 510 евра по човек, која ИВЗ требала да ја плати директно на сметката на министерството. Реџепи исплатата ја извршил преку приватна компанија, со што се докажува дека целта била дел од парите да ги присвои“, рече Бузаку, кој дополни дека Реџепи има направено и други кривични дела, кои ќе ги обзнани наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e