Анкета: Граѓаните најголема доверба имаат во премиерот Заев, втор најдобар резултат има и кај Албанците

Според анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) најпопуларен политичар е премиерот Зоран Заев.

Во него, најголема доверба имаат 16,5% од анкетираните. Следи опозицискиот лидер Мицкоски во кого најголема доверба имаат 14,2% од анкетираните. По нив следуваат, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,9% и претседателот на државата Стево Пендаровски со 4,2%.

Гледано според етничката структура на анкетираните, Мицкоски е политичар со најголема доверба кај етничките Македонци. Во него веруваат 19,3% од анкетираните етнички Македонци за разлика од рејтингот на Заев кој кај Македонците е фиксиран на 17%.

Но во Премиерот веруваат и 13,7% етнички Албанци, што е втор најдобар резултат кај етничките Албанци, веднаш зад оној на Ахмети кој достигнува 31,8%.

zz

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e