24 анализа: Мнозински или пропорционален изборен модел

Во денешното гостување во 24 анализа Хари Локвенец од СДСМ и Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ дадоа свој став за изборниот модел.

ВМРО-ДПМНЕ го предлага мнозинскиот модел, кој ќе понуди кандидати кои се блиски на грѓаните во местата каде живеат и пратениците да потекнуваат од тие места и со самото тоа, односно 120 изборни единици.

„Такви имаме сериозни примери во светот и тие имаат таков систем, таков изборен модел. Во Европа една изборна единица има само Словачка. Многу стари демократки држави него применуваат. Најголем кредибилитет имаше Парламентот од 1991-1994 кој беше избран со мнозински модел“ – рече Данев.

Од друга страна Локвенец смета најдобар е пропорционалниот модел.

„Се уште инсистираме да имаме избори со една изборна единица и со отворени листи на пропорционален модел. Сето тоа беше како предлог на изборната кампања. Истовремено носењето или измената на изборните правила во изборниот законик секогаш досега се носел со консензус со меѓусебен договор на сите политички партии, не само власт-опозиција, туку и партиите по национална основа кои покриваат одреден таргет на гласачи“, рече Локвенец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e