Во владата денеска ќе се потпише договор со турската компанија „Пурпласт“

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за закуп на градежно земјиште со турската компанија „Пурпласт“.

На настанот ќе се обратат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски.

Турската компанија „Пурпласт“ е основана во 1980 година и произведува пластични делови за автомобилската индустрија, меѓу кои и за Мерцедес, БМВ, Форд, Волво, МАН  и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e