Повторно за реформите во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може истовремено да биде и европска партија и во подрумите да чува казани за сапуни од Шиптари. Ако ги исфрли казаните, автоматски ќе престане да биде ВМРО-ДПМНЕ, а ако ја исфрли европската агенда, ќе го задржи традиционалниот идентитет, односно ќе се откаже од реформите. Без казаните таа е политички евнух затоа што македонското просташтво на кое се потпира нема да и даде ниту три гласа, односно импотентноста ќе ја доведе во прашање смислата на реформите.
Јас ја разбирам идејата на Брисел, па и на СДСМ за потребата од реформирање на ВМРО-ДПМНЕ како неопходност за одржување на стабилноста на системот, но тоа на оваа платформа на несовладливите конфликтности, нема да биде можно. Суштински нема да биде можно, инаку можат да се јават циркузанти кои ќе тропаат глупости и така ќе ја одржуваат работната температура на системот.
Шминките и закрпите и новите лаги со митските срања не се решение ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за системот, ниту за Македонија.
Само програмата за еманципација на заглупавената маса и девмрвизација на ВМРО-ДПМНЕ и на се во општеството, што се две страни на ист медал, е патот за одржлив политички развој на Македонија и во Македонија. Потежок и покомплициран пат, но друг нема.
Можеби може таа копа сено да се собере околу постојната инфраструктура, макар што лично повеќе би сакал да исчезнат како што изчезнуваат и некои други животински видови, но не со стари злосторници, блефери и хохштаплери.
И не без судски разрешници за сите злосторства што и ги направија на Македонија и како поединци и како раководство и како правен субјект, односно партија.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e