(ВИДЕО) Ед Ширан со две нови песни

По речиси две години, на исчекувањето му дојде крај – Ед Ширан ни претстави нова музика – и тоа не една, туку две песни!
Симпатичниот Британец кој немаше објавено нов сингл после “Photograph” во мај 2015 година, најави нов материјал од минатата недела, но не знаеме дали се работи за нов албум (кој ќе се вика “÷”) или нови песни.

Конечно го дочекавме петок, и две нови песни се тука! Има ли подобар подарок за празниците?

“Бев отсутен некое време, па така сега се тука два сингла, наместо еден”, пишува Ширан на социјалните мрежи со делови од новите песни “Shape of You” и “Caste on the Hill”.

Очигледно му годела паузата, бидејќи и двете песни се фантастични.

Без сомнение, Ширан се враќа на голема врата!

Што друго да се каже? Уживајте!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ