Уапсени се осомничените за грабежот на Ким Кардашијан!

Француската полиција објави дека 17 лица кои биле осомничени дека се вмешани во спектакуларното ограбување на Ким Кардашијан во хотелска соба во Париз, сега се уапсени!

Францускиот весник “Le Monde” пишува дека најверојатно се работи за инсајдерска работа, откако еден од главните осомничени е возачот на лимузината кој ја довел ким да хотелот. Се шпекулира дека токму 27-годишниот возач е тој кој им ги обезбедил потребните информации на ограбувачите, и ги известил кога таа пристигнува и кога ќе биде сама.

За останатите осомничени се верува дека се искусни криминалци кои ѝ припаѓаат на поголема мрежа на организиран криминал, а петмина од нив се уапсени благодарение на ДНК-анализата која покажала дека токму тие ја употребиле лентата да ѝ ги заврзат рацете на Ким. Просечната возраст на сите уапсени во овој случај е 55 години. Најстариот помеѓу уапсените 3 жени и 14 мажи има 72 години и е познат како Пјер Б.

Ким Кардашијан и нејзиното семејство сеуште не се огласиле на овие информации, но сигурни сме дека следува интересен расплет. 🙂

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ