Тајно се венчаа Кети Холмс и Џејми Фокс

Официјално, ова е најдобрата вест за денес!
Џејми Фокс и Кејти Холмс се во брак, судејки по новиот извештај! Така, оваа година не е толку страшна.

Кејти Холмс (38) и Џејми Фокс (49) се една од најпознатите приватни и потајни холивудски двојки, па така нивната свадба и не е големо изненадување. Кејти и Џејми го кажаа судбоносното ДА во сончевиот Кабо Сан Лукас во Мексико, пренесува “Стар”.

“Тие рекоа ДА веднаш штом стигнаа на приватна песочна плажа”, изјави извор за весникот.

“Беа само Кејти, Џејми и децата, а девојките носеа убави цвеќиња.”

Кејти ја има Сури Круз (10) од бракот со Том Круз а Џејми има две ќерки Корин (22) и Аналис (7).

Кејти долго време не сакаше нова врска по прилично јавниот брак со Том Круз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e