Тајната која Дејвид и Викторија Бекам ја криеле од синот!

Англичаните Дејвид и Викторија Бекам се подобри родители отколку што мислите, а дефинитивно се подобри од сите холивудски родители заедно!

Во новото интервју за “Wonderland magazine”, 17-годишниот син на Дејвид и Викторија – Бруклин Бекам, откри дека неговите родители својата планетарна слава ја држеле во тајност целото негово детство!

“Не знаев дека се славни додека не наполнив 13 години. Се сеќавам на моментот кога сфатив – отидовме на фудбалски натпревар и луѓето го извикуваа името на татко ми. Навистина бев збунет”, изјави Бруклин.

Тој со своето семејство неодамна беше на скијање во Канада, каде доживеа мала незгода – си ја скрши клучната коска. Можеби од шок дека дознал дека мајка му била членка на легендарната група Спајс Грлс. 🙂

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e