Струмица докажа како со љубов се прави фестивал за сите генерации

Најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин, ја имаше честа, ноќеска, да го затвори шестото издание на најголемата културно – забавна манифестација „Струмица опен фестивал“. Тој ја оправда довербата на организаторот пред публиката од сите генерации која го наполни плоштадот и уживаше во неговиот настап. Меѓу нив беше и премиерот Зоран Заев, кој додека беше градоначалник на општина Струмица, на овој фестивал му даваше максимална поддршка, но и сега од премиерската позиција. Поддршката ја продолжи и неговиот наследник, вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов и Советот на општина Струмица, кои годинава фестивалот го поддржаа со три милиони денари.

Струмица докажа дека знае и може да понуди десетдневна фестивалска програма направена со љубов, беспрекорно да ја реализира и на едно место да собере публика од сите генерации. На последната музичка вечер, на големата фестивалска сцена пoкрај Мерлин настапија Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic.

20882109_1380838671969559_3967575817846662662_n

20841204_1380838848636208_8815765423773864566_n

20841194_1380838668636226_2972906135557482603_n

20768214_1380838865302873_2549345897124170849_n

20729719_1380838841969542_6571958152572754590_n

20729492_1380838675302892_9035349243453654012_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e