Пинк откри дека чека второ дете

Изненадување “, напиша Пинк во нејзиниот пост на Instagram на 12 ноември и откри дека е повторно бремена!
Ова е второ дете кое ќе го добие со сопругот Кери Харт. Двојката веќе ја има ќерката Willow, која е родена во 2011 година.

Пинк и Кери се венчаа во 2006 година, но нивниот брак беше прилично турбулентен.

“Имавме две паузи”, објасни Пинк при гостувањето кај Елен Деџенерис. “Првиот пат се разделивме на една година, а вториот пат на единаесет месеци.”

Тие веќе неколку години се повторно заедно и лудо заљубени, но како плод на таа љубов ќе пристигне наскоро уште едно “розово бебе”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e