На 90-годишна возраст почина рокенрол легендата Чак Бери

Легендарниот гитарист и родоначелник на рокенролот Чак Бери починал вчера на 90-годишна возраст, објавија светските медиуми, повикувајќи се на полицијата на американската сојузна држава Мисури.

Полицијата на округот Сент Чарлс ја потврдила смртта на Чарлс Едвард Андерсон Бери и навела дека неговото семејство побарало приватност за време на периодот на жалост, пренесува „Гардијан“.

Музичката кариера на Чак Бери траеше повеќе од седум децении. Легендарниот гитарист ги спои блузот и свингот во нов музучки феномен, користејќи гитарски соло партитури и изврши големо влијание на подоцнежната рок музика.

Меѓу неговите најголеми хитови се издвојуваат „Рол овер Бетовен“ (Roll Over Beethoven), „Рок анд рол мјузик“, (Rock and Roll Music) и „Џони би гуд“ (Johnny B. Goode), која е една од најобработуваните песни во историјата на музиката.

Во 1984 Чак Бери доби Греми награда за животно дело, а беше еден од првите музичари кои станаа членови на „Рокенрол холот на славните“ во 1986 година.

Неговата музика имаше големо влијание на бројни музичари, како и на целиот рокенрол.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e