Мега моќна адвокатка: Таа е убиец на најголемите холивудски бракови

Дека холивудската актерка Анџелина Џоли нема намера ништо да препушти на случајноста кога станува збор за нејзиниот трет развод, сведочи и фактот дека веќе ангажирала адвокатка која е специјализирана за разводи на познати и моќни парови.

И додека многумина биле затечени од информацијата дека бракот на најмоќниот холивудски пар се распаднал како кула од карти, оние кои добро ги познаваат холивудските случувања не биле изненадени кога Џоли ја ангажирала Лаура Васер да ја застапува во бракоразводната парница.

Имено, Васер, која неодамна го застапувала Џони Деп во бракоразводната парница против Амбер Херд, е одлично познато име во Лос Анџелес.

“Не застапува клиенти кои имаат помалку од 10 милиони долари на сметката, наплаќа 850 долари на час, а за парнично полномоштво клиентите се должни да ѝ платат 25.000 долари”, пишувало во текстот кој минатата година го објавил Bloomberg Businessweek.

Исто така, листата на нејзини славни клиенти е долга, а на неа се наоѓаат Стиви Вондер, Бритни Спирс, Шекил О’Нил, Марија Шрајвер, Аштон Качер, Џенифер Гарнер и Ким Кардашиан.

Исто така, Васер ја застапувала Анџелина Џоли во 2003. година, кога актерката се разведувала од Били Боб Торнтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e