Лејди Гага се подготвува за голема летна турнеја

Може ли Гага и натаму да полни стадиони со истата леснотија како и предходно?
Ако може да се верува на пишувањата на Boston Blobela, Лејди Гага е во преговори со Fenway парк за голем летен концерт. Меѓутоа, настапот на стадионот пред 40.000 посетители се очекува да биде само еден од концертите од големата турнеја!

Прашањето кое се наметнува е дали Гага сепак има доволно потенцијал како некогаш да полни стадиони.

Нејзиниот албум „Joanne“, веќе испадна од листата на топ 30, а последниот сингл „Million Reasons“”, и по објавувањето на спотот не успеа да се искачи над 52 место.

Сè може да се промени ако Гага одржи спектакуларен Супер Боул настап! Таа оваа година ќе настапи на полувреме во финалето на НФЛ, натпревар закажан за 5 февруари, а ако навистина се покаже во најдобро светло, сите врати ќе и бидат отворени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e