Крис Браун се отвори: Конечно откри зошто ја претепал Ријана!

Популарниот Крис Браун сними документарец во кој објасни зошто пред осум години по доделувањето на Греми наградите ја претепа својата тогашна девојка , светската музичка ѕвезда Ријана.

-Ја изневерив со својата соработничка. Ријана се посомнева и почна да ме испрашува, но јас ништо не и признав. Таа вечер токму таа, мојата соработничка ни се придружи на забавата. Ријана полуде, си ги зема работите и ја напушти забавата, раскажа 28 годишниот Браун.

Тој вели дека Ријана продолжила да вика и кога седнале во автомобилот, и го побарала неговиот мобилен за да види со кого се допишува. Во телефонот Ријана пронашла порака од соработничката на Крис во која таа му пишува дека ќе дојде на забавата на Греми.

-Тогаш Ријана многу се налути. Започнавме да се туркаме, таа ме удри а јас ја гризнав за раката. Така се започна, истакнува во документарецот Крис Браун.

По тој инцидент Крис е осуден на шест месеци општествено корисна работа, пет години условна казна и забрана за приоѓање на Ријана на помалку од 50 метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e